Во мај 2017 година, делегатите на Абориџините и Островјаните од Торес Стреjт се собраа на Национална Уставна Конвенција на Првите Нации во близина на Улуру и усвоија документ со наслов Uluru Statement from the Heart. Документот обезбедува патоказ за признавање на Првите Нации во Уставот на Австралија, предлагајќи структурни реформи на три фронта : Глас, Договор и Вистина. Ова уследи по двегодишни продлабочени разговори за кои што предводник беа 13 Регионални Дијалози на Првите Нации, а Документот беше усвоен од 250 делегати на Абориџините и Островјаните од Торес Стрејт. Документот има за цел да воспостави однос помеѓу народите на Првите Нации на Австралија и Австралиската нација заснован на вистината, правдата и самоопределувањето со што ќе може да се направи напредок кон помирување, без да се отстапи суверенитетот.